Лина Ѓорческа повторно победи во три сета – Новата жртва се вика Марцинкевица


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа во три сета ја победи Марцинкевица од Латвија на турнирот во Бил, 2:1.

Лина направи брејк во петиот гем, 3:2. Во следниот гем латвијката го израмни резултатот, 3:3. Ѓорческа ја искористи единствената брејк топка на сервис на Марцинкевица за водство, 4:3. Не функционираше сервисот на тетовчанката, а тоа го искористи Марцинкевица за израмнување, 4:4. И латвијката имаше проблеми со сервисот, па Лина стигна до ново водство, 5:4. На својот сервис во десетиот гем беше сигурна и го доби првиот сет, 6:4.

Четвртиот гем од вториот сет го донесе првиот брејк, а тој го направи Марцинкевица, 1:3. Ѓорческа возврати со брејк во следниот гем и намали на 2:3. Во десетиот гем латвијката ја искористи единствената сет топка и го израмни резултатот во сетови, 1:1.

Во вториот гем Марцинкевица направи брејк, 0:2. Лина имаше две брејк топки во петиот гем, ја искористи втората и намали на 2:3. Пресудниот брејк Ѓорческа го направи во деветиот гем, 5:4. Без да изгуби поен на својот сервис стигна до победа на овој натпревар, 6:4.

Лина Ѓорческа во следното коло ќе игра против  белорусинката Алиаксандра Саснович која се наоѓа на 111-та позиција на ВТА ранг листата.