ВТА Чарлстон – Касаткина ја декласираше Остапенко и стигна до трофејот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одигра финалето на турнирот во САД помеѓу Остапенко и Касаткина.

Натпреварот започна мирно со сигурен сервис на двете тенисерки до 5-от гејм, поточно резултатот беше 2:2. Во продолжение на натпреварот, во 5-от гејм се случи првиот брејк, кога Касаткина ја искористи втората брејк топка на натпреварот и стигна до 3:2.

Во следниoт гејм враќа Остапенко со иста мера, откако ја искористи 5-та брејк топка и израмни на 3:3.

Но во овој натпревар како да не играше истата Остапенко која ја победи Возњацки и ги изгуби наредните 2 гејмови на свој сервис, па и дозволи на Касаткина да го освои првиот сет со 6:3.

Вториот сет беше израмнет се до 4-от гејм кога првиот Касаткина прави серија од 40:0 и 3 имаше три брејк топки, а ја искористи првата за 4:1.

Касаткина успева во 6-от гејм да направи уште еден брејк на сервисот на Остапенко и потоа со сигурен сервис да стигне до победа со 6:1 во вториот сет.

Таа ќе добие награда од 470 ВТА поени.