МВП на турнирот Жоан Кањељас: Игравме интелигентно и без грешки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во избор на најдобрите играчи на овој Ф4 турнир, четворица играчи на Вардар најдоа место, а меѓу нив Жоан Кањељас освои дури две награди. Една како дел од Олстар тимот, и една за МВП играч.

Тој имаше во финалето реализација 5/7, и сигурно беше едно од изненадувањата за ривалскиот тим.

„Завршивме многу добра работа. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа. Секогаш бевме еден чекор пред нив. Имавме одлична одбрана и не можеа да ја пробијат, а во напад игравме интелигентно и без многу грешки, а тоа е важно кога се игра со вакви тимови. Мислам дека треба да сме среќни. Се надевам дека и во следните натпревари ќе го искористиме искуството и ќе играме како денес, зашто во спротивно нема да имаме шанси за победа. Нашата цел е да стигнеме до Ф4 во Лига на шампионите. Малку неочекувано настапивме со одбраната. Тие имаа проблеми со ваква одбрана кога играа во Загреб. Мислам дека завршивме добра работа и трениравме така во текот на минатата недела. И мислам дека беше успешно зашто ги изненадивме, изјави Кањељас.