„Се е возможно, мораме да веруваме!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џеко ја запечати победата на Рома во Болоња од 3:0 и така стигна до 24-от гол во Серија А и заедно со Белоти е најдобар стрелец во лигата.

Рома на 7 натпревари пред крајот има 6 бодови помалку од Јувентус, но и покрај тоа, Џеко верува дека освојување на Скудетото е возможно.

„Морам да признаам дека имавме пеколен распоред. Имавме дуели со Лацио во купот и Лион во ЛЕ и сојузот не сакаше да ни излезе во пресрет.“

„За нас е многу важно да завршиме на второ место. До крајот се е возможно. Мораме да веруваме во себе, а не чека и директен дуел со Јувентус. По тоа може да биде се јасно.“

Во наредните натпревари Јувентус има обврски во ЛШ и тоа е добро за Рома, но 6 бодови предност е навистина голем разлика и пред Рома е скоро невозможен пат кон Скудетото, на кое чекаат дури 16 години.