Крај за Лина Ѓорческа во Бил – Сасновиќ премоќна за нашата тенисерка!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот во 3-то квалификациско коло за настап во главниот ждреб на турнирот во Швајцарија.

Натпреварот течеше мирно и двете тенисерки беа сигурни на свој сервис до 3:3, а потоа Сасновиќ успеа да го земе својот сервис за 4:3. Следуваа проблеми за Лина која и дозволи 3 брејк шанси на Сасновиќ која успеа да ја искористи 3-та брејк топка и да поведе со 5:3.

Лина се обиде во следниот гејм да врати со иста мера, но за жал не успеа и пропушти една брејк топка, па Сасновиќ стигна до 6:3.

Вториот сет започна многу лошо за нашата тенисерка.

Таа го изгуби првиот гејм на свој сервис и Сасновиќ благодарение на својот одличен сервис стигна до 2:0. Потоа продолжи израмнетата игра се до 6-от гејм. Иако Лина се обидуваше да се врати во натпреварот, сепак за жал не успеа да направи брејк.

Во 7-от гејм повторно шок за нашата тенисерка која и дозволи повторно 3 брејк шанси на Сасновиќ и таа ја искористи 3-та брејк топка во овој гејм за 5:2.

Тука беше и крајот за Лина, затоа што Сасновиќ со одлична игра на свој сервис стигна до 6:2 во вториот сет.