„Имам потенцијал за топ 6!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај катастрофата на првите две трки во сезоната, возачот на Дукати, Лоренцо и понатаму верува дека работите ќе тргнат на подобро.

За шпанскиот возач, 12-то место во Катар и падот во Аргентина не му ја сменија вербата дека може да се пласира помеѓу 6-те најдобри возачи.

„Од една страна, многу сум разочаран, а од друга, многу сум среќен затоа што сум добар, бидејќи малку недостигаше Баз да ме прегази.“

Лоренцо ја изгледа остатокот од трката од боксот.

„Можеби би можел да се борам со Баутиста за 4-то или 5-то место, а верувам дека можев да бидам тука некаде. Но не вреди да се плаче, за мене, сезоната почнува во Остин, овие 2 трки не постојат.“