„Макс е неверојатен!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Макс Ферстапен на ГН Кина беше главна ѕвезда, иако не беше вклучен во борба за победа.

Тој само во еден круг успеа да направи 10 преминувања, а Хорнер долго време се трудеше да ги најде соодветните зборови за него.

„Неверојатно, тој прв круг беше неверојатно можен, преминувања од сите страни, храброст, знаење… Кога вози по дожд, како да има 6-то сетило, слично на еден друг возач со кој често го споредуваат.“

Секако, станува збор за Ајртон Сена, а Мекс на трката во Кина заврши на 3-то место, а стартуваше од 16-то.