„Утре ќе играме офанзивно“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус утре на домашен терен играат против Барселона во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Целта на Старата дама во оваа сезона е да се освои Лигата на шампионите, но пред нив е тешка задача во четвртфиналето каде што ги чека Барселона.

Пред утрешниот меч во Торино беше одржана пресконференција за медиумите на која Масимилијано Алегри изјави дека Јуве утре ќе игра офанзивно.

„Нема да ја откријам формацијата, но можам да ви кажам дека ќе играме офанзивно бидејќи од ќе почнат Игуаин, Дибала, Манџукиќ и Квадрадо.

 „Не гледам причина зошто да играме дефанзивно и сигурно ќе ги нападнеме. Ова е важен натпревар и нема да биде лесно бидејќи Барселона е силен тим. Го имаат во нападот МСН и најважно е нив да ги запреме“, рече Алегри, и додаде:

„Исто така, ние имаме многу добри играчи и напредувавме како тим од последниот дуел. Се навикнавме да играме натпревари каде што никој не е фаворит бидејќи двете екипи се израмнети. На нас е да одиграме најдобро што знаеме и веруваме дека можеме да дојдеме до полуфинале“.