„Рома може до Скудето“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Рома Диего Пероти рече денеска дека неговата екипа ќе биде сериозен кандидат за освојување на титулата во Серија А во наредната сезона.

Рома во минатата сезона заврши на третото место, но од доаѓањето на Лучиано Спалети во јануари загубија само на еден натпревар во италијанскиот шампионат.

„Очекувам дека ќе бидеме сериозни кандидати за Скудетото, со оглед како ја завршивме минатата сезона. Овој тим е способен за тоа. Можеме да се бориме со Јувентус, Интер, Милан и било кој друг тим за прво место. Имам доверба во соиграчите“, рече Пероти за италијанските медиуми.

Новата сезона во Серија А започнува на 21 август.