Ракетите беа торпедирани, Клиперс го „уништи“ Хјустон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клиперс на домашен терен го декласираше Хјустон со 125:96.

Клиперс водството го превземаа пред крајот на полувремето, а во каков ритам го играа вториот дел зборува фактот што предноста порасна на повеќе од 30 поени разлика.

Најдобри во тимот на Клиперс беа Крис Пол и Крофорд со по 19 поени, а Грифин постигна 18.

Кај Хјустон најдобар беше Гордон со 17 поени, Вилијамс, Харел и Браун постигнаа по 15 додека Харден играше само 24 минути и постигна 14 поени.