Манчестер Јунајтед доведе засилување од ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед потврди дека го доведе првото засилување за следната сезона од ПСЖ.

Црвените ѓаволи одлучија на Олд Трафорд да ја доведат големата надеж на францускиот фудбал, Алиу Траоре. Овој 16-годишен дефанзивен фудбалер за врска првите фудбалски чекори ги направи во ПСЖ, но парижаните изненадувачки го продадоа на Јунајтед.

Траоре беше неколку седмици на проба во Јунајтед и со својата игра го воодушеви Жозе Мурињо. Интерес  за овој фудбалер покажаа и Јувентус и Манчестер Сити, но на крајот одлучи да потпише за Јунајтед.

Овој 16-годишен фудбалер ќе му се приклучи на резервниот тим на црвените ѓаволи, а се очекува многу брзо да добие шанса да заигра за првиот тим.