„Како дете живеев за овие моменти“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус ја поразија вечерва на денеска на домашен терен Барселона со високи 3:0 во рамките на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала одигра многу одличен натпревар и внесе два погодоци позади грбот на Тер Штеген и секако дека беше еден од најдобрите играчи на мечот.

Тој после натпреварот беше пресреќен.

„Мислам дека одигравме одличен натпревар. Реализиравме поголем дел од шансите кои ни се укажаа и ова е позитивен резултат пред реваншот на Ноу Камп.

Многу, многу сум среќен бидејќи како дете сонував за овие моменти и сега ги доживеав.

Имаме доста самодоверба и тоа е многу важно за тоа што следи. Не можеме да се потпреме на ова водство. Знаеме дека и во реваншот треба да се избориме за позитивен резултат, а тоа е многу, многу тешко, сите тоа го видовме“, рече Дибала после натпреварот.

Да потсетиме дека реванш натпреварот на овие екипи се игра за осум дена на Ноу Камп стадиониот.