Одлични вести за Саубер – Верлајн ќе вози на трката за ГН Бахреин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Саубер соопшти дека нивниот возач Паскал Верлајн ќе биде подготвен за ГН Бахреин, која се вози овој викенд.

Германецот ги пропушти 2-те трки во Ф1 поради недоволната физичка подготвеност, а за тоа врем возење Џиовинаци.

„Доби дозвола да вози уште на претсезонските тестирања. Се останато беше на неговата физичка подготвеност и неговата желба да сака 100% од себе да вложи во трката. Кога стигнавме во Мелбурн, немаше знаци дека може да се надеваме на оваа ситуација, но работите се сменија.“

Тој своето деби во Ф1 го имаше во Австралија минатата година, а сезоната ја заврши на 19 место со само 1 освоен бод.