Ајсмен си заминува од Формула 1, Ферари најде замена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раиконен многу лошо влезе во сезоната.

Ферари не е задоволен како нивниот втор возач, Кими Раиконен влезе во сезоната и сериозно размислуваат да го отпуштат. Како што изгледа следната сезона нема да вози во Ф1 бидејќи му истекува договорот со Ферари.

Во двете трки досега Раиконен беше послаб од неговиот колега Себастијан Фетел кој го дели лидерското место заедно со Хамилтон. Светскиот шампион од 2007-ма година има 37 години и му недостасува мотивација и поради ладното однесување го нарекуваат Ајсмен.

Главен кандидат за наследник на Кими е Даниел Рикиардо кој има четири победи и кој минатата сезона покажа дека е конкурентен.