Алонсо ја пропушта трката во Монте Карло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со подршка од Мекларен-Хонда, Фернандо Алонсо ќе го исполни својот сон да учествува на Индианаполис 500.

Тој на оваа легендарна трка ќе го вози автомобилот на тимот Андрети.

Поради ова, Алонсо ќе ја пропушти трката во Монте Карло која на распоредот е на 28-ми мај. Засега не е познато кој ќе го замени во тимот на Мекларен, но наводно тоа би можел да биде Џенсон Батон.

Алонсо изјави дека му е сон да ги обедини сите три титули, победа во Монте Карло(ф1), Инди 500 и Ле Ман. Тоа засега му успеа само на еден возач, Грахам Хил.