Среќата овој пат му го спаси животот – Дел од метал завршил во седиштето, а тој и побегнал на смртта!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дортмунд го потресоа неколку силни експлозии кои се случија пред автобусот во кој се наоѓаа фудбалерите на Дортмунд.

Играчите на германскиот тим одеа накај стадионот каде требаше да играат  против Монако, но на патот се слушнаа 3 експлозии пред автобусот на тимот во кои беше повреден Бартра.

Медиумите објавија дека една чиност е уапсена по овој напад, а од полицијата потврдија дека станува збор за терористички напад. Како што објавивме утрвото за среќа на сите кои се наоѓале во автобусот било тоа што автобусот имал непробојно стакло.

Денес е потврдено дека бомбите имале некои метали, а среќа го спасила еден од играчите на Дортмунд. Откако бил прегледан автобусот се видело дека еден од металите се забил во седиштето каде што седел еден фудбалер.

На цела среќа металот не го повредил фудбалерот, чиј идентитет не е откриен, кој на време се фрлил на подот кога ја слушнал првата експлозија.