Гризман од пенал го реши Лестер на Калдерон (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон го победија Лестер во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампионите, 1:0.

Коке на почетокот на натпреварот ја погоди стативата. Во 27-ма минута од натпреварот Олбрајтон направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за Атлетико. Гризман од белата точка му донесе водство на јорганџиите.

Во второто полувреме не беа постигнати погодоци, а Атлетико Мадрид се радуваше на победата, 1:0.