Еурофарм даде отпор, но цел плен за Вардар од Битола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вториот натпревар од плеј-офот во првенството на Македонија ракометарите на Вардар победија на гостувањето во Битола, 19:24.

Вардар на полувреме замина со два погодоци предност, 12:14. На почетокот на второто полувреме Вардарци ја зголемија предноста, а до крајот ја задржаа, 19:24.

Иван Чупиќ со 7 погодоци го предводеше Вардар. Кај Еурофарм Работник, Лазо Мајнов со 7 погодоци беше најефикасен.