„Одигравме најдобро што можевме во овие околности!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Вајгл по поразот од Монако, го потврди тоа што цел светот го знаеше дека зад играчите на Дортмунд е ноќ без сон.

Овој 21-годишен фудбалер додаде дека тимот одиграл најдобро што можел со оглед на околностите.

Натпреварот помеѓу Борусија и Монако беше одигран во Дортмунд, иако требаше да одигран еден ден порано, но не се случи тоа поради бомбашки напад на автобус на Дортмунд.

„Никој од нас не спиеше. Се трудевме повеќе време да поминеме со нашите семејства. А одигравме најдобро што можевме во вакви околности. Дури во второто полувреме го вклучивме мозокот и среќни сме што извлековме пристоен резултат.“