Пред него е светла иднина – Мбапе е втор најмлад стрелец во ¼-финале на ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако го победи Дортмунд со 3:2 во првиот натпревар од ¼-финале во ЛШ.

Уште еден одличен натпревар беше одигран од страна на 18-годишниот напаѓач, Килијан Мбапе кој постигна 2 голови.

Тој игра сезона од соништата, па го води својот тим кон ½-финале во ЛШ.

Тој со своите голови кои ги постигна стана вториот најмлад стрелец во ¼-финале на ЛШ со 18 години и 103 денови. Интересно е тоа што на прво место е поранешниот играч на Барселона, Бојан Кркиќ.

Кркиќ беше голема надежна шпанскиот фудбал, но не ги исполни очекувањата. Тој во моментов игра во Маинц на позајмица од Стоук.