Напаѓач на Арсенал си ги пакува куферите и се сели во Париз!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, напаѓачот на Арсенал би можел од лето да настапува во Лига 1.

Медиумите пишуваат дека ПСЖ е заинтересиран за напаѓачот на Арсенал, Лукас Перез.

Шпанецот минатото лето стигна во Арсенал за 20 милиони евра, но не играше премногу.

Тој постигна само 1 гол во ПЛ. Уште едно во низата на разочарувања, па би можел да биде прв на листата на играчи кои ќе заминат.

ПСЖ покажа интерес, а бараат човек кој би му бил поддршка на Кавани, поточно некој кој би му дал шанса да се одмори.

По се изгледа дека Перез би бил солидно решение, тој со игрите во ФА купот во дресот на Арсенал покажа дека има квалитет, а нема сомнеж дека во Франција би имал повеќе простор да се покаже.