Нападот во Дортмунд никој не остави мирен – Жестоки критики кон УЕФА!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус ја критикуваше УЕФА.

Откако се случи бомбашки напад на автобусот со играчите на Борусија, се очекуваше дуелот помеѓу Дортмунд и Монако да биде одложен за сабота. Играчите на Дортмунд, како и претставниците на Монако не беа за тоа средбата да се премести во среда.

„Извори од Борусија ми рекоа дека фудбалерите не сакале да играат во среда. Меѓутоа под голем притисок на УЕФА тие морале да играат. За мене тоа е неодговорно и не ми е разбирлива одлуката на УЕФА да направи таков притисок врз Борусија.“

Да потсетиме, во три експлозии кои се случија пред натпреварот се повредени 2 личности. Еден од нив е полицаец, а друг е Бартра на кој му е скршен зглобот.