6 играчи се номинирани, само 1 ќе биде најдобар – ПЛ бира најдобар фудбалер за оваа сезона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


6 фудбалери се номинирани за најдобар фудбалер во ПЛ оваа сезона.

Двајца од нив доаѓаат од Челси, моментално 1-во пласираниот тим, а тоа се Азар и Канте.

Азар оваа награда ја има освојувано и претходно, а за најдобар беше прогласен во 2015-та година.

Сепак, главен кандидат за титулата е Канте. Обложувалниците му даваат најголеми шанси на него, посебно поради фактот дека и минатата сезона беше помеѓу најдобрите.

Покрај овие два фудбалери на Челси, за наградата ќе се борат уште и Кејн, Лукаку, Санчез и Ибрахимовиќ.

Треба да се каже дека Кејн и Лукаку добија номинација и за најдобар млад фудбалер во сезоната.

Минатата година награда за најдобар ја доби Марез од Лестер.