„Се чувствував како животно, среќен сум што сум жив!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Дортмунд беа поразени со 3:2 од Монако во ЛШ.

Овој натпревар беше одигран со скоро 24 часови задоцнување поради бомбашки напад.

Играчите на Дортмунд не беа психички подготвени за тој натпревар, а Сократис изјави дека неговите соиграчи биле сметани како животни од страна на УЕФА.

„Среќен сум што сум воопшто жив. Ова беше најтежок ден во мојот живот и се надевам дека вакво нешто нема никој да доживее. Не ни беше до натпреварот, а УЕФА требаше да сфати дека фудбалерите не се животни. Среќен сум што сум жив, но беше тешко да се игра по тоа.“

Иако критики стигнуваат на сметка на УЕФА од сите страни, од таму кажаа дека двата тимови се согласиле да го одиграат натпреварот во среда.

„Одлуката да се игра натпреварот во среда од 18:45 е донесена во договор со клубовите.“