„Баерн и Јувентус ќе играат во финале!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Видал вчера беше трагичар во натпреварот против Реал Мадрид во ЛШ.

Тој постигна гол за водство на Баерн, но промаши пенал во судиското надополнување на првото полувреме.

Сепак, иако неговиот тим беше поразен по 90 минути игра со 2:1, сепак Видал верува дека Баерн ќе помине понатаму.

„Има уште 90 минути да се игра. Не е се готово. Имам доверба во овој тим, играме одлично и верувам дека може да се вратиме.“

Тој во финалето би сакал да го види Јувентус.

„Разочаран сум поради промашениот пенал. Сепак, се надевам на пласман понатаму и дуел со Јувентус во финалето. Ги гледав како играат. Тие се многу силни.“

Реваншот се игра во вторник во Мадрид.