Сити не го дава повторно Харт на позајмица?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сити го одби предлогот на Торино за позајмица на Харт и за наредната сезона.

Тој на почетокот на сезоната остана без место во Сити. Новиот тренер Гвардиола одлучи да му даде предност на Браво и Кабаљеро, а Харт го пушти на позајмица.

Тој на изненадување на сите се одлучи за Торино. Во редовите на Торино бранеше многу добро, па раководството побара од Сити позајмица и во наредната сезона.

Но од тоа нема да има ништо. Понудата беше одбиена и Харт се враќа во Манчестер.

Тоа не значи дека ќе остане таму. Интересот за него е голем, а се поврзуваше со Ливерпул, Евертон и Вест Хем.

Харт беше прв голман на Сити веќе со години, се додека во тимот не дојде Гвардиола.