Дибала и официјално потпиша, Јуве се пофали и откриени нови детали!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што е најавено, Аргентинецот потпиша нов договор со Јувентус.

Само два дена после што ја разби Барселона, Пауло Дибала ја обнови соработката со Јувентус!

Како што потврди и Старата дама, Дибала потпиша нов, подобар договор до лето 2022 година, поради тоа што досегашниот му истекуваше во 2020 година.

„Фудбалскиот клуб Јувентус со задоволство потврдува дека Пауло Дибала потпиша нов договор до 20 јуни 2022 година. Јувентус мисли на својата иднина и поради тоа ова е важна работа за наредните неколку години“, соопштено е на сајтот на клубот.

Покрај тоа, потврдено е дека Јувентус ќе доплати дополнителни осум милиони евра на Палермо, поради тоа што се исполнети бонуси од клаузулата по склучувањето на договорот.

„Исто така, ФК Јувентус оваа прилика ја потврдува на фудбалскиот клуб Палермо ќе бидат исплатени дополнителни осум милиони евра бонуси, поради тоа што Пауоло Дибала потпиша нов договор“, потврди Јувентус.

Инаку, Дибала по новоиот договор годишно ќе заработува речиси три пати повеќе, односно седум милиони евра, наспроти досегашните 2.5.