„Ако одиграме како во Торино, тие немаат шанси!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Киелини не верува дека Барселона ќе дојде во пресврт ако Јувентус одигра како во првиот натпревар.

Јувентус победи против Барселона со 3:0 во првиот натпревар од ¼-финале во ЛШ.

„Ние сме фантастична екипа и тоа го покажавме минатиот месец. Беше тоа голема ноќ на нашиот стадион, сакавме да се покажеме во подобро светло од пред 2 години.“

„Напредувавме и сега имаме поголема самодоверба. Сеуште има место за напредок, а тој напредок ќе мора да го покажеме во наредните 2 месеци.“

„Уште е долг патот пред нас, а минутите се долги на Камп Ноу, па минатото ни зборува дека мора да бидеме внимателни. Јасно е дека ако примиме 4 голови, тоа е поради нашата лоша игра, па така се зависи од нас.“

„Свесни сме дека тие се единствената екипа способна за ваков пресврт, но ако играме како во првиот натпревар, тогаш тоа е невозможно.“