Нов шок за Реал – Големата победа скапо платено, ѕвездата отпаѓа за реваншот против Баерн и Ел Класико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велшанецот вчера излезе од игра во 59-та минута од натпеварот.

Реал синоќа направи голем чекор кон полуфиналето во ЛШ после тоа што победи на Алијанц Арена против Баерн Минхен со 1:2. Таа голема победа на крајот беше скапо платена.

Според шпанските медиуми, Герет Бејл се пожалил на повреда, а првите прогнози се дека ќе го пропушти реваншот против баварците и Ел Класико против Барселона.

Уште не се знае официјално колку ќе биде надвор од теренот. Велшанецот сигурно дека нема да игра против Хихон во сабота.