Ѓорческа и Комардина за 55 минути збришани од Башчински и Хингис


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и руската Анастасија Комардина загубија во дубл од Тимеа Башчински и Мартина Хингис во натпреварот во дубл на турнирот во Бил, 0:2 во сетови.

Во четвртиот гем Ѓорческа и Комардина направија брејк, 3:1. Следниот гем Башчински и Хингис направи брејк и намалија на еден гем негатива, 3:2. Седмиот гем Башчински и Хингис повторно направија брејк, 3:4. На својот сервис беа сигурни и го добија првиот сет, 4:6.

Башчински и Хингис во вториот сет не му дозволија да земат ниту гем на Ѓорческа и Комардина, 0:6.