Фабри се посрамоти и му ја поклони победата на Лион – Бешикташ за две минути остана со празни раце (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Лион со пресврт го победија Бешикташ на домашен терен во првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа, 2:1.

Лопес на почетокот на натпреварот фантастично реагираше по ударот на Марсело. Лаказет имаше шанса за погодок, но шутираше непрецизно. После петнаесет минути игра Рајан Бабел погоди за водство на турскиот клуб.

Фекир немаше среќа при неговиот удар бидејќи ја затресе пречката. На почетокот на второто полувреме Шишманоглу со глава шутираше непрецизно. Тусарт се обиде со глава, но неговиот удар го одбрани голманот на Бешикташ. Валбуена и Лаказет имаа шанси за погодок, но нивните удари беа непрецизни. Во период од две минути домашните постигнаа два погодоци и направија пресврт. Толисо и Морел ги поставија конечните 2:1.


Corentin Tolisso Goal HD – Lyon 1-1 Besiktas 13… by arcturusmedia33


Jeremy Morel Goal HD – Lyon 2-1 Besiktas 13.04… by dailyfootballkick

Овој натпревар започна нешто подоцна поради немирите на стадионот на Лион.