„Можеме до шампионскиот прстен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако во последно време Кливленд бележи лоши резултати, Леброн Џејмс смета дека неговиот тим може да оствари добри резултати во плеј-оф натпреварите.

Кливленд има само 10 победи во последните 24 натпревари, па регуларниот дел го завршија како втори на истокот.

На стартот од плеј-оф фазата тие ќе играат со Индијана.

„И понатаму сме во состојба да направиме нешто големо. Не сакам сега широко да зборувам како поминавме во текот на регуларната сезона. Имаме добар тим и во плеј-оф сме. Ќе направиме нешто“ – вели Џејмс