„Враќање на Лукаку во Челси би бил вистинскиот потег“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дрогба смета дека Лукаку треба да се врати во Челси.

Како што се шпекулира во последно време, Челси планира да го донесе Лукаку од Евертон ова лето.

Поранешната ѕвезда на тимот, Дрогба редовно разговара со најдобриот стрелец во лигата.

Дрогба изјави дека знае каде Лукаку ќе игра наредната сезона.

„Лукаку веќе знае каде ќе игра наредната сезона и мислам дека сака на себеси да си докаже дека може да успее во Челси.“

Тој смета дека Лукаку може да стане врвен напаѓач.

„Челси е негов клуб откако е млад, па зошто да не? Тој сака да стане најдобар. Тој работи напорно за да стане најдобар. Јас секогаш му поставувам предизвик.“