„Ова е важен ден за Милан“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јонгхонг Ли е нов сопственик на Милан и знае каква одговорност има сега.

Силвио Берлускони после 31 година поминати на седиштето на Милан го продаде и сега навивачите очекуваат многу од Кинезите.

„За сите фанови на Милан ова е важен ден. Од денеска започнува нова поглавје за овој славен клуб. Им благодариме на Берлускони и Финивест за довербата“ – вели Ли

„Милан е топ клуб во светот со 118 години традиција. Клубот има големи успеси во последните три децении. Сите го сакаат Милан на врвот на Европа, свесни сме која одговорност ја имаме“ – додаде Ли

Тој рече дека новиот одбор е составен од професионалци.

„Сакаме луѓето уште повеќе да го сакаат Милан! ФОРЦА МИЛАН“ – додаде новиот сопственик на Милан