„Немам проблеми со Клоп!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на ВБА, Тони Пјулис изјави дека нема проблеми со Клоп.

По ремито на Ливерпул и ВБА во декември 2015-та година, Клоп ги однесе своите играчи да слават со своите навивачи, а тоа не му се допадна на Пјулис.

Клоп потоа го критикуваше тренерот, а Пјулис иронично му се извини.

ВБА во недела од 14:30 ќе игра како домаќин против Ливерпул, а тие двајца повторно ќе се сретнат.

„Нема да има проблеми помеѓу мене и Клоп. Тој е натпреварувачки насочен и сака да победи во секој натпревар. Нема проблеми, Ливерпул се бори за ЛШ. Играчите им се повредуваат како и на останатите, не оди секогаш се по планот, секогаш има падови и успеси во сезона.“

Пјулис никогаш нема изгубено од Ливерпул кога играл на домашен терен во ПЛ.

ВБА е 8-ми на табелата со 44 бодови, а Ливерпул е трет со 63 бодови.

„Наредниот викенд играме против Сити во ½-финале на ФА купот, па во наредните денови сите членови на стручниот штаб ќе го гледаат натпреварот. Правиме планови за наредната година. Не сакаме да заостануваме и сакаме да напредуваме во иднина.“