„Арсенал е пред голем предизвик!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Венгер изјави дека неговиот тим се соочува со голем предизвик пред крајот на сезоната.

Арсенал е во опасност да остане без ЛШ по 21 година, затоа што во моментов се на 6-то место со 54 бодови, односно 7 бодови помалку од Сити кој е 4-ти.

Јунајтед има 3 бодови повеќе на 5-то место.

Арсенал и Јунајтед до крајот имаат уште 8 натпревари, а Сити има 7.

„Можеби ќе се пласираме, а можеби и не. Но најважно е да веруваме дека можеме да го направиме тоа.“

Венгер призна дека расположението во тимот не е добро по поразот од Кристал Палас во понеделникот.

Фудбалерот на Арсенал, Волкот по натпреварот кажа дека Кристал Палас сакале повеќе да победат.

За Венгер недостатокот на желба е неприфатлив.

„Тоа е тоа што го реков по натпреварот. Треба да се соочиме со реалноста и да реагираме.“

Арсенал во наредно коло гостува кај Миделсброу.