Шарапова го критикуваше ИТФ и призна дека згрешила!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марија Шарапова ја критикуваше Меѓународната тенисерска федерација што не ја предупреди дека мелдониумот е сместен во листата на забранети супстанции, но призна и дека згрешила.

Таа од минатиот март, по што нејзините резултати од допинг на АО беа позитивни, призна дека земала мелдониум поради проблеми со срцето, но дека не знаела дека таа супстанција е на листата на забранети.

Светската антидопинг агенција на почетокот на минатата година ја смести оваа супстанција на листата со забранети.

„Поради што никој не дојде да разговара со мене приватно и да ме предупреди за такво нешто.“

„На крајот, јас згрешив. Добив дозвола за се што земав 7 години и бев задоволна.“

Шарапова се враќа на турнирот во Штутгарт, кој започнува на 24 април.

Таа доби вајлд-карта и како поранешна грен слем шампионка и победничка на завршниот турнир на ВТА, таа има право да побара неограничен број на специјални покани.

Првото коло во Штутгарт обично се игра во три денови, па така Марија ќе има право да игра на 26-ти април.

Голем број тенисерки ги критикуваа постапките на Марија Шарапова и нејзиното враќање на теренот.