А сега кинески Милан! Што задолжениот милионер ќе донесе на паднатиот гигант…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новите сопственици тргнуваат од Донарума, преку нови договори за Монтела и играчите, решение за ситуацијата на позајмиците и на крајот купување на атрактивни засилувања.

Новата ера во Милан почна! После 30 години и кусур години во сопственишто на Силвио Берлускони кој ја испиша најславната страница на клупската историја, Росонерите паднаа во кинески раце.

Вчера конзорциум на кинески бизнисмени предводен од Јонгхонг Ли го презеде сопствеништвото над клубот и иднината сега на Милан зависи само од сомнителните Кинези.

Јасно е зошто Милан е продаден. Берлускони е под притисок на фамилијата повеќе не можеше да ја покрива загубата која се зголемуваше и на годишно ниво изнесуваше околу 90 милиони евра.

Кинезите го купија Милан за 830 милиони евра, вклучувајќи и преземање на долговите од 220 милиони евра.

Никој во Италија не гледа премногу оптимистично на новите сопственици поради се што се случуваше во последните две години и константното одложување на нивното купување на клубот.

Добиле кортоазно добредојде  а секој нивен потег ќе биде под џиновска лупа на јавноста.

Клубот сега е во нивно приватно сопственост, но Кинезите ќе мора да внимаваат и на судот на италијанската јавност бидејќи Милан е важна работа за Италијанците.

Новиот газда на Милан Јонгхонг Ли не влева доверба бидејќи половина од вложените пари за купување на Милан ги позајми од фондови.

Со камата од 10 процени. Со богатство од „само“ 500 милиони евра, новиот газда не спаѓа ни меѓу 500 најбогати Кинези.

Да не го споменуваме и Берлускони чија деловна империја се проценува на седум милиони евра.

Затоа никој премногу не верува во Кинезите…