Манчестер Јунајтед се враќа на врвот – За 200 милиони доведуваат две големи засилувања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Манчестер се фрустрирани од квалитетот на нападот.

Големи вести стигнаа од Англија. Сан пишува дека Манчестер Јунајтед спремил 200 милиони евра за две засилувања кои ќе ги однесат на врвот. Освен тоа што ќе го задржат Златан Ибрахимовиќ, во нападот ќе бидат доведени Антоан Гризман и Ромелу Лукаку.

Жозе Мурињо го тренираше Лукаку во Челси и добро го познава. Моментално тој е најдобриот стрелец во ПЛ со 23 погодоци. За белгискиот голгетер Јунајтед најверојатно ќе мора да плати 90 милиони евра и тоа би можел да биде најскапиот трансфер помеѓу два англиски клуба во историјата.

Ако го доведат Лукаку на ѓаволите ќе му останат уште 100 милиони евра, а нив планираат да ги потрошат на Гризман од Атлетико Мадрид. Тој е заинтересиран за играње во Јунајтед. Атлетико ќе се согласи на троцифрен број на милиони, таква понуда е невозможно да се одбие, а ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата.