Позната листата на желби на новите газди на Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан вчера и официјално беше продаден на кинески инвеститори.

Берлускони доста емотивно се прости од Милан, но самиот беше свесен дека не може да се носи со големите клубови кои поставија некоја нова ера во фудбалскиот свет.

Кинеските газди не губат време, уште првиот ден веќе е составена листата на желби. Прв е Обамејанг, но и покрај него има уште неколкумина.

Одбранбениот играч Стефан де Вриј од Лацио е истотака желба на новите газди, покрај него е и Душан Тадиќ од Саутемптон.

Наводно, Милан ќе се вклучи и во трката за Џејмс Родригез кој ќе го напушти Реал Мадрид ова лето.