„Берлускони беше револуционер!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Интер, Морати смета дека Берлускони имаше револуционерна улога во италијанскиот фудбал, за времето поминато во Милан.

Официјално е потврдено дека Милан е продаден на Кинезите, па Берлускони по 31 година го напушти тимот.

„Берлускони беше револуционер сите овие години.“

„Тој создаваше возбудување и донесе многу нови работи. Завршена е многу важна ера. Секогаш ќе постои носталгија, ниту една друга професија не ви дава толку адреналин.“