Ниту Борнмут не го задржа голгетерскиот Тотенхем – Петлите се приближија на минус четири до Челси (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен го победија Борнмут во натпревар од 33-то коло во Премиер Лига, 4:0.

После шеснаесет минути игра петлите стигнаа до водство. Муса Дембеле ја затресе мрежата на Борнмут.

Три минути подоцна нов шок за гостите. Сон го зголеми водството на Тотенхем. На почетокот на второто полувреме Хери Кејн се запиша во листата на стрелците.

Во судиското продолжение од второто полувреме Винсент Јансен ги постави конечните 4:0.