Интер грми, Милан слави, еве зошто судијата толку го продолжи мечот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каква завршница, какво славје на Росонерите.

Интер и Милан одиграа еден од најдобрите дерби во последните неколку години, извештајот читајте го ТУКА.

Интер имаше свои 10 минути во самиот финиш на првото, а Милан во второто полувреме, Росонерите може да бидат задоволни поради тоа што успееја да се вратат после 0:2.

Прво Ромањоли успеа да намали на 1:2 во 83 минута, а тогаш следеше шок завршница.

Судијата го продолжи мечот пет минути, но во судиското продолжение дојде до прекин после оштриот старт на Локатели на Нагатомо, додека Стефано Пиоли направи уште една измена после 90 минута кога влезе Бијабиани.

Покрај тоа, судијата покажа три картони, Хандановиќ одолговлекуваше и имаше шест замени после што Орсато толку и го продолжи мечот, пишуваат италијанските медиуми.

Интер и понатака ќе се буни, погодокот е постигнат во 96 и 39 секунда, но судиската одлука не се менува, Милан вака дојде до чудесен бод.