Сиригу одбрани два пенали, но Осасуна загуби од Атлетико Мадрид (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон ја победија Осасуна во натпревар од 32-ро коло во Ла Лига, 3:0.

После половина час игра јорганџиите стигнаа до водство. Јаник Фереира Караско постигна погодок за радост на домашните навивачи. Атлетико преку Годин имаа шанса за погодок, но уругваецот шутираше непрецизно.

На почетокот на второто полувреме Јаник Фереира Караско по втор се запиша во листата на стрелците на денешниот натпревар. Сиригу ги одбрани двата удари на Торес.

Филипе Луис во 61-ва минута од натпреварот по трет пат ја затресе мрежата на Сиригу.

Караско од белата точка имаше шанса да постигне хет-трик на денешниот натпревар. Потоа повторно беше досуден пенал за Атлетико Мадрид, но ниту Томас не реализираше од белата точка, па на крајот резултатот остана 3:0.