Барселона се намачи, но го победи Реал Сосиедад (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Реал Сосиедад на Камп Ноу во натпревар од 32-ро коло во Ла Лига, 3:2.

Тер Штеген со фантастична интервенција го запре ударот на Ојарзабал. Лионел Меси постигна фантастичен погодок за водство на Барселона.

Во 37-ма минута Лионел Меси се запиша по втор пат листата на стрелци. Ињиго Мартинез шутираше, топката го погоди Умтити и влезе во голот.

Две минути подоцна Алкасер го врати водството на Барселона од два погодоци. Прието во судиското продолжение од првото полувреме повторно ја намали негативата на Сосиедад на еден погодок.

Фудбалерот на Сосиедад се обиде да го изненади Тер Штеген, но германецот тоа го прочита и го одбрани ударот. Јури пред крајот на натпреварот имаше голема шанса за погодок, но шутираше непрецизно. На другата страна Руљи му одбрани зицер на Суарез. Барселона на крајот победи, 3:2.