Големи проблеми на Јунајтед – Мурињо останува без Мата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо потврди дека Мата ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Тој неодамна се повреди по што мораше да замине на операција, но се очекуваше да биде подготвен за враќање на теренот. Сепак, оздравувањето оди споро и Мата мора да го пропушти остатокот од сезоната.

Тренерот на Јунајтед, Мурињо потврди дека Мата нема да се врати до крајот на сезоната. Мурињо додаде дека можно е Мата да оздрави во самиот крај, но не сака да ризикува.

„Мата нема да игра повеќе во оваа сезона. Операцијата помина како што треба, но оздравувањето трае многу подолго од планираното. Има можност да биде подготвен за крајот на сезоната, но нема да ризикуваме и најважно е да биде подготвен за наредната сезона.“