Фудбалски ѕвезди кои заработуваат помалку од Лингард!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јунајтед, Лингард пред некое време го продолжи договорот со тимот.

Тој ќе остане во тимот до 2021 година, а неделно ќе заработува по 100.000 фунти, а тоа многумина ги изненади затоа што сметаат дека тој не вреди толку многу.

Медиумите веднаш направија тим од 9 ѕвезди кои сега ќе заработуваат помалку од него.

  1. Садио Мане(Ливерпул) – 90.000 фунти

Тој оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул. Тој постигна 13 голови оваа сезона, а Лингард има постигнато 1 гол и сепак ќе заработува 10.000 фунти неделно повеќе од Мане.

  1. Немања Матиќ(Челси) – 90.000 фунти

Тој е еден од најдобрите дефанзивни фудбалери во лигата, но тоа сепак не му помогна да заработува повеќе пари од Лингард. И тој како Мане има плата од 90.000 фунти.

  1. Гери Кејхил(Челси) – 85.000 фунти

Играчот на Челси, Кејхил важи за еден од најдобрите дефанзивци во ПЛ, но неговата плата е помала од таа на Лингард и изнесува 85.000 фунти неделно.

  1. Тиаго Алкантара(Баерн Минхен) – 77.000 фунти

Ѕвездата на Баерн, Алкантара е член на првиот тим на Баерн. Сепак, неговата неделна плата не е толку импресивна и изнесува само 77.000 фунти.

  1. Кристијан Ериксен(Тотенхем) – 75.000 фунти

Данецот е еден од најдобрите играчи за врска во ПЛ. Оваа сезона постигна7 голови и има 12 асистенции, а неговата плата изнесува 75.000 фунти.

  1. Киелини(Јувентус) – 57.000 фунти

Дојдовме до фудбалерите од Серија А. Тој е член на Јувентус кој во последните 4 години е шампион на Италија и тој заработува скоро двојно помалку од Лингард.

  1. Иско(Реал Мадрид) – 50.000 фунти

Реткост е да се видат фудбалери на Реал Мадрид кои заработуваат помалку од некој друг играч од друг клуб, но Иско е вистински пример за тоа.

  1. Марек Хамшик(Наполи) – 50.000 фунти

Хамшик е еден од најплатените фудбалери во Серија А, но сепак заработува двојно помалку пари од Лингард. Неговата плата е 50.000 фунти неделно.

  1. Џанлуиџи Донарума(Милан) – 16.000 фунти

Можеби е претерано да се стави Донарума на оваа листа, со оглед на тоа дека се подготвува договор за него во Милан, но моментално тој заработува само 16.000 фунти неделно.