Ферари го надмудри Мерцедес, Себастијан Фетел победи во Бахреин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи на патеката Шакир на ГН на Бахреин.

Ботас стартуваше од пол позиција и ја задржа првата позиција. Фетел го помина на стартот на трката Хамилтон и се најде на втората позиција. Раиконен беше најголемиот губитник на почетокот. Ферстапен кој одлично стартуваше во 12-от круг излета од патеката. Од Ферари се одлучија рано да менуваат. Кога во пит стопот влегоа неколку возачи пред Фетел, германецот излезе прв. Хамилтон влезе подоцна од Фетел во второто менување каде што и издржа и пет секунди казна, па германецот се врати на првата позиција. Британецот излезе зад Ботас, но беше премногу брз па десетина круга пред крајот го помина неговиот тимски колега. Луис до крајот на трката се обидуваше да го стигне Фетел, но не успеа, па возачот на Ферари се радуваше на крајот.

1. Себастија Фетел – Ферари
2. Луис Хамилтон – Мерцедес
3. Валтери Ботас – Мерцедес
4. Кими Раиконен – Ферари
5. Даниел Рикиардо – Ред Бул
6. Фелипе Маса – Вилијамс
7. Серџо Перез – Форс Индија
8. Роман Грожан – Хас
9. Нико Хулкенберг – Рено
10. Естебан Окон – Форс Индија
11. Паскал Верлајн – Заубер
12. Даниел Квјат – Торо Росо
13. Џојлон Палмер – Рено

Трката на ја завршија:

Маркус Ериксон – Заубер
Ленс Строл – Вилијамс
Карлос Сајнц – Торо Росо
Марк Ферстапен – Ред Бул
Кевин Магнусен – Хас
Штофел Вандорн – Мекларен
Фернандо Алонсо  – Мекларен