Челси и Конте на колена на Олд Трафорд – Рашфорд и Ерера донесоа победа на Јунајтед (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Челси на Олд Трафорд во натпреварот од 33-то коло во Премиер Лига, 2:0.

После седум минути игра Маркус Рашфорд му донесе водство на црвените ѓаволи. На полувреме Манчестер Јунајтед замина со минимална предност.

На почетокот на второто полувреме Андер Ерера по втор пат ја затресе мрежата на Беговиќ. Рашфорд имаше шанса за постигнување на втор погодок, но шутираше непрецизно. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а црвените ѓаволи се радуваа, 2:0.