„Целосно полудев“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На емотивен план ништо не се смени, и понатака навивам за Милан, без оглед што повеќе не сум дел од директорскиот колегиум“, порача довчерашниот челник на Росонерите.

Адријано Галијани отиде од Милан, но Милан никогаш нема да замине од неговото срце.

Иако повеќе нема никаква функција во славниот клуб, поранешниот извршен директор на Росонерите призна дека на целосно ист начин реагираше после израмнувачкиот гол на Кристијан Запата во миланското дерби, бидејќи тоа го направи многу пати додека беше на функција.

Сепак, овој пат натпреварот го гледаше во еден ресторан во близиан на Милано.

„Беше тоа мој вообичаен начин, целосно полудев! На емотивен план ништо не се смени, и понатака навивам за Милан, без оглед што повеќе не сум дел од директорскиот колегиум. Разговарав со Берлускони и тој беше среќен. Секој кој мисли дека сакаме лошо на новите сопственици длабоко погрешил“, рече Галијани.

За самото дерби со Интер.

„Не заслуживме да загубиме, разговарав и со Монтела долго. Интер не може да жали поради примениот гол во 97 минута, бидејќи тоа истото ни се случи во Торино против Јувентус. Можеби да се вратам на Сан Сиро во наредниот натпревар, ќе видиме. Разговарав со новиот директор Фасоне. Имаме одличен однос“, рече Галијани.